Македонците знаат да уживаат во луксуз: Интервју со Наталија Ваневска, туристички водич во Дубаи

Наталија Ваневска е професионален туристички водич, која последниве четири години работи во дубаи. Во ОАЕ, со семејството таа живее од 2007 година. Во приказната за Женски магазин, Наталија раскажува со какви туристи се среќава, што ѝ недостасува од Македонија, и каков е животот на жените во Емиратите.

* Од кога работите како професионален туристички водич?

- Kако професионален туристички водич работам веќе 4 години со поголем број туристички агенции во Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Хрватска. Ги водам групите кои доаѓаат од бившите југословенски простори бидејќи одлично ги говорам и тие јазици. Кога зборуваме за Македонија, многу често сум ангажирана од туристичката агенција Фибула Травел.

* Кога заминавте во Дубаи, колку време сте таму и како се случи да работите токму во Дубаи?

- Во ОАЕ, поточно во Дубаи сум од 2007 година. Заедно со семејството дојдовме како резултат на работниот ангажман кој мојот сопруг го доби во Дубаи.

* Каков е животот за вас таму, како ви изгледа еден обичен ден, што најмногу ви недостасува од Македонија?

- Животот во Емиратите се одвива со брзо темпо, особено кога зборуваме за Дубаи. Дубаи е еден од 7 -те Емирати и претставува бизнис центар на ова општество со мнгоу можности за секого. Меѓутоа, сите не живеат исто. Животниот стил зависи од личниот стандард кој го имте. Моите дневни обврски се најчесто поврзани со професијата и семејството кои досега успевам добро да ги организирам и балансирам, иако понекогаш денот ми трае повеќе од 24 часа. Што се однесува до Македонија, ми недостасува шетањето во природа, дружбата со миоте блиски пријатели и семејството, храната, зеленилото на нашата земја. За среќа, досега успевам до ја посетам Македонија во летниот период и да ги наполнам батериите за секоја наредна сезона.Знате, кога човек живее во странство, колку и да е стилот на живеење подобар и поквалитетен од земјата од која што доаѓа, во случајов Македонија, сепак постојат моменти кои се нераскинливи врски меѓу Вас (себе) и матичната земја кои остануваат засекогаш.

* Што најмногу им се допаѓа на македонските туристи во Дубаи? 

- Македонските туристи се секогаш заинтересирани за прекрасните архитектонски згради кои се последен здив на модерната архитектура, огромниот број атракции кои Дубаи ги нуди,културата и традицијата на локалното население, системот на организираност на ова општество, ничинот на живот на локалното население, образованието, здравството, но најмногу од се се импресионирани од организираноста и редот кој владее во оваа држава. ОАЕ е млада држава која споредена со државите од соседството е најотворена во поглед на општите норми кои владеат во останатите држави, но сепак конзервативна и традиционална во поглед на локалното население. Заради големиот наплив на туристи и малиот процент на домашно автохтоно население, Дубаи успева успешно да балансира меѓу потребите на туристите и шериатскиот систем на организираност во Емиратите. Ние, водичите, кои живееме и работиме во Дубаи за време на краткиот престој кои го имаат туристите успешно им ги презентираме сите поголеми атракции кои ги има во Дубаи. Тоа се: Бурж Ал Араб, Бурж Калифа, палмата Дубаи и хотелот Атлантис, Дубајската Марина или уште позната како “ Малиот Менхетн“, Џумеира Медина или позната како „ Малата Арапска Венеција“, луксузен комплекс од 5 хотели меѓусебно поврзани со канали по кои може да се плови со традиционално водено арапско такси кое се вика абра, пазарот за злато, зачини и текстил  и ред други интересни места.

* Има ли некоја интересна приказна, анегдота врзана за некоја од турите што би можеле да ја споделите со нас?

- Хахахаха , секако дека има . Тоа се обично симпатични ситуации кои произлегуваат од различноста на менталитетите помеѓу овдешното население и нашите туристи. Генерално гледано, до сега не сум имала лошо искуство со нашите туристи. Патниците се изненадени од начинот на кој функионира ова општество и се трудат да се вклопат најдобро што можат за време на нивниот обично краток престој во Дубаи.

Наталија со претставници од македонските медиуми и пријатели на „Фибула травел“ на неодамнешното патување во Дубаи 

* Велат дека жените во Дубаи се многу заштитени и почитувани. Каков е статусот на жените таму?

- Да. Жената во ова општество е многу заштитена. Постојат такси возила само за жени, паркови само за жени,места  во гратскиот превоз обезбедени само за жени и мајки со мали деца, по супермаркетите има секогаш една од касите за наплата која е со приоритет за мајки со деца. Жените воде ги уживаат сите права како рамноправни поединци на општеството. Се школуваат, работат, возат, имаат возачки дозволи и мнгоу други бенефити кои ги нема во останатите заливски земји,како Саудиска Арабија, на пример. Но сепак, стапувањето во брак е однапред договорен аранжман меѓу две семејства, што значи во тој поглед, општеството сепак го задржува конзервативниот, традиционален начин на живеење. Без разлика на тоа, Емиратите можат да се пофалат како лидери во спремноста да се отворат кон западниот свет а со тоа да ги искористат најдобрите работи од развојот на двете цивилизации, западноевропската и арапската. Имајќи во предвид дека оваа држава постои официјално од 1971 година, развојот кој го постигнала да толку кратко време, треба на сите да ни служи за пример.

* Што ве прави среќна во слободно време, кога не работите?

- Во слободното време кое го имам се помалку, уживам во друштвото на семејството и пријателите, во прошетка кога времето е убаво, мислам кога не е многу жешко, плажа и кратки викенд паузи во соседните Емирати.

Милица Џаровска


***

Fibula Air Travel организира индивидуални пакет аранжмани за Дубаи секој понеделник и четврток со директни летови на авиокомпанијата Fly Dubai од Скопје кон Дубаи со загарантирани поаѓања.

Комплетниот пакет аранжман е во организација на Fibula Air Travel, почнувајќи од постапка за виза, авионски превоз, асистенција на аеродром во Дубаи, хотелско сместување, организиран разглед на Дубаи..

Пакет аранжманите се со 4, 5 или 7 ноќевања, со голем избор на хотели од 3* - 5*.

Патниците можат да изберат и факултативни екскурзии за време на нивниот престој:

-Abu Dhabi city tour

-Desert Safari

-Burj Khalifa & Dubai Mall

-Dhow cruise

-Miracle Garden

-Aquawenture Water Park

-Global Village

-Helicopter tour

Комплетната понуда можете да ја погледнете на следните линкови:

www.fibula.com.mk

http://cms.fibula.com.mk/b2cDocuments/MK/PDF/Dubai/2018-19/DUBAI%202018-19%204%20NOKI.pdf

http://cms.fibula.com.mk/b2cDocuments/MK/PDF/Dubai/2018-19/DUBAI%202018-19%205%20NOKI.pdf

http://cms.fibula.com.mk/b2cDocuments/MK/PDF/Dubai/2018-19/DUBAI%202018-19%207%20NOKI.pdf