ЉУБОВЕН ТРИАГОЛНИК: Која е љубоморната поранешна девојка на принцот Вилијам?

За почетоците на љубовната врска на Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон јавноста знае многу малку. Познато е дека се запознале на универзитетот Св. Ендрујс во Шведска и дека во 2007 година по четиригодишна врска кусо време биле разделени. Периодов испливаа детали за почетокот на врската на војвотката од Кембриџ, но и за љубовните испади на поранешната девојка на Вилијам, што на двојката ѝ создаде големи проблеми.

Во „сивата книга“, која ја опишува романсата на британската кралска двојка, авторката Кејти Никол детално ги опишува непријатните ситуации во кои се наоѓале Кејт Мидлтон и принцот Вилијам.

Се запознале како студенти. Кејт не ни сонувала дека принцот ќе се заинтересира за неа во периодот кога наводно Вилијам се забавувал со неколку девојки истовремено.

Една од нив е Карли Мејси - Бирч, исто така студентка на споменатиот универзитет која и по раскинувањето на врската била луда по принцот и му задавала сериозни главоболки.

Како што е опишано во книгата 'The Making of a Royal Romance', 2002, кога Вилијам и Кејт имале по 20 години, заедно отишле на забава на која присуствувала и Карли. Собраното друштво ја играло играта „Никогаш не сум...“. Кога дошол редот на Карли да постави предизвик, таа рекла: „Никогаш не сум била во врска со две личности што се во оваа просторија.!“

Предизвикот директно се однесувал на Вилијам кој потполо шокиран промрморел: „Не можам да верувам дека го кажа ова.“ 

Повиканиот Вилијам ја исполнил својата задача и така потврдил дека е во врска со Кејт која ја повел како придружба на забавата.

„Сите знаевме дека се заедно, но тоа беше прв пат да добиеме потврда“, раскажа еден од сведоците на непријатната ситуација.

Заради овој потег Кејт никогаш немаше добро мислење за поранешната девојка на Вилијам и подоцна тие никогаш не се спријателија, а наводно Карли долго време била закана за двојката заради проблематичното однесување. Таа живеела на само неколку метри од станот на принцот Вилијам и од дневната соба јасно ја гледала спалната на младиот принц.

На нејзина голема жалост, Вилијам и Кејт ги пребродија сите препреки и во 2011 година запловија во брачните води. Тие станаа војводи од Кембриџ, денес имаат три прекрасни деца и изгледаат среќно и заљубено.