Листа на болести кои се лекуваат со мед и ореви

Медот и оревите се многу здрави намирници. Научниците одамна докажаа дека содржат голема количина на важни витамини и минерали, тие се вистински лек за човечкиот организам и нивниот состав помага да се ослободите од многу опасни болести. 

Доколку сте под стрес или се занимавате со тешка физичка работа, тие се идеални за вашиот желудник.

Со редовно консумирање на мед и ореви, поминува главоболката ако редовно ја имате. Тие го нормализираат метаболизмот, а помагаат и за постпородилни болки. Медот и оревите се незаменливи за женското здравје, а кај мажите ја зголемуваат потенцијата.

За јакнење на имунитетот доволно е секојдневно да ги консумирате во помала количина. Ако сте настинати, го одзатнуваат носот и се лек за воспалено грло.

Медот и оревите ја подобруваат и концентрацијата, а ги ублажуваат и ревматските болки.