Лично сум против козметички корекции и филери: Пред огледало со Катица Марангозова

Катица Марангозова е лекар специјалист, која работи во струмичката болница повеќе од 15 години. Како инфектолог таа работи во смени, а исто така и дежура. Си ја сака работата и затоа и ја избрала оваа професија. Оваа дама се негува, а еве кои се нејзините тајни за природен и свеж изглед.


* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

Години наназад го чистам лицето на кожата и го тонизирам. Наутро ставам дневна крема и антирид за околку очи. Денеската шминка ми е секогаш лесна, за вечерни излегувања или посебни прилики практикувам појака шминка, а понекогаш посетувам и козметичар кој се погрижува за изгледот на моето лице, односно ме шминка.
Пред спиење, го чистам лицето и секогаш нанесувам ноќна крема, која ми е успогласена со дневната.

* Со какви препарати го негувате лицето?

Секогаш се трудам тие да бидат квалитетни, без многу хемија во нив. Најчесто ги користам препаратите на  Eucerin, Vishy и Loreal. Исто така, за подхранување на кожата во вид на маски користам и природни продукти: мед, белка од јајце, краставица и слично.

* Посетувате ли козметички салони?

Поретко посетувам козметички салони, најчесто сама водам грижа за негата на лицето. Моја слабост се ноктите и тие мора секогаш да бидат средени беспрекорно. Досега немам правено козметички корекции, ниту употребувано филери. Лично сум против. Ако треба некогаш, би направила лифтинг на лицето и тоа само во професионални клиники, кои се спрецијализирани за тоа.

 * Кои производи ги употребувате за нега на коса?

Негата на косата и ја препуштам на мојата фризерка, која употребува производи на Revlon од кои сум задоволна многу.

* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

Со шминка покривам подочнаци (кои за жал се резултат на мојата професија, на дежурствата). Друго немам што да покривам.

* Кои се Вашите омилени козметички производи?

Како што веќе спомнав ги користам производите на Eucerin,  Loreal, Vishy, ponekogas lancome.

* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

Секогаш во ташната имам мал несесер, во кој носам се што треба, задолжително коректор, руменило и кармин.

* Омилен парфем?

Ги сакам сите парфеми на Dior, но мој фаворит е Poison hypnotic.

* Како ја одржувате линијата?

Се трудам да консумирам  здрава  храна, исто така имногу пешачам, секојдневно пешачам околу десетинакилометри.


Н. М.