Лесен и вкусен рецепт за колач со грозје

Состојки: 

За тесто: 150 гр путер, 200 гр брашно, 1 јајце, малку сол, лажица шеќер, шеќер во прав, ванилин-шеќер 

За полнење (фил) : 100 гр шеќер, 2 лажици брашно, 1 кг грозје, 2 јајца 

Подготовка: Замесете тесто од путер, сол, брашно и шеќер. Додајте едно разматено јајце, добро измесете го тестото и оставете го на студено место околу 1 час. После тестото расукајте го во големина на тавата во која ќе го печете, па тестото посипете го со грозје. Измешајте ја белката со шеќер, додајте ги жолчките и 2 лажици брашно, како за обичен пандишпан. Оваа маса сипете ја врз грозјето и печете во добра загреана рерна околу 3-4 часа. Колачот изладете го и исечете на коцки. Прелејте го со шеќер во прав измешан со ванилин шеќер.