Лесен и вкусен рецепт: Соленките на баба

Овој рецепт е од мојата баба Калинка. Многу ги сакав како дете, и сè уште се сеќавам како ѝ помагав да ги пече. Тие се прават исклучително лесно и се многу вкусни.

Ние ги попрскавме со ким, но ако не ви се допаѓа, кимот можете да го замените со сусам или афион.

Потребни состојки:

  • 1/2 кг брашно
  • 250 грама масло
  • 1 пакетче крем сирење
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 јајце
  • околу 100 грама кашкавал
  • Ким

Подготовка:

Го сеете брашното, потоа го додавате маслото, крем сирењето, солта, шеќерот и белката. Месите добро, го растегнувате, размачкувате со жолчка од јајце, посипувате со рендано сирење и со рендан кашкавал и на врвот поспиувате ким.

Печете во загреана рерна на 150 ° околу 15-20 минути.