Лесен и вкусен рецепт: Појадок или вечера од кујната на Опра

Појадокот за популарната водителка е најважен оброк од денот. „Никој мене не ме нарекол експерт за мотори, но знам една работа: тие не работат без гориво,“ вели Опра и продолжува: „ Нашите тела функционираат на ист начин. Кога е во прашање здравјето на организмот, многу сум сериозна, па така ја создадов мојата навика за појадок. Обожувам бобинки, јагоди, банани и мента, кои секогаш ќе се најдат на чинија. Не заборавајте го лебот. Јас за појадок, а понекогаш и за вечера го избирам оној со семки“, вели Опра.
Еден од нејзините омилени рецепти е тост со јајца.

Потребно е: 

 - 2 јајца 
 - 4 лажици млеко 
 - 2 лажици путер со мал процент на масленост -малку бибер и сол -магдонос по желба

Подготовка: 

  1. Изматете ги јајцата и млекото во сад, растопете го путерот на тава и додајте ја смесата со јајца.
  2. Печете на среден оган, лесно примешувајќи. Јајцата послужете ги на тост и украсете со бибер и магдонос
  3. Појадокот (или вечерата) можете да ги збогатите со печурки или сланина... Зависи што сакате.