Кроациа осигурување Живот се приклучува кон светското движење „Pay it forward

Оваа година Кроациа осигурување Живот се приклучува кон акцијата „Pay it forward„ (направи добро дело и продолжи понатаму) во организација на Инер Вил Клуб Скопје Еуропеа и невладината организација Аутизам МК. Настанот ќе се одржи на 14 април (недела) на Школка во Градскиот парк, со почеток во 10:30 часот

- Драги наши пријатели, Ве покануваме заедно да го одбележиме април, месецот посветен на зголемување на свеста за аутизмот преку правење добри дела или попознато како "Pay it forward". Тој ден ќе ги славиме хуманоста, човечноста, како и почитувањето и прифаќањето на различностите. Тој ден ќе ја славиме љубовта, ќе ја шириме добрината, љубезноста и позитивната енергија - канат од Кроациа осигурување Живот.

Настанот ќе биде со богата програма првенствено за најмладите, ќе учествуваат многу уметници, а околу сцената ќе има ликовна работилница, Театар со живи статуи, пантомимичар и изложба на цртежи. Ќе има многу подароци за посетителите, а организаторите на овој настан праќаат единствена и уникатна порака за ширење на добрината, за прифаќање на различностите и емпатија меѓу луѓето.