Кредитната ми е во минус поради жена ми: Марјан Ѓорѓиевски со стед-ап шоу во Скопје

Зошто брак? Зошто шопинг? Зошто кредитната ми е на нула? Не, не ми е на нула, на минус 100.000 ми е. Зошто банките даваат кредити? Зошто Инстаграм и како Фејсбук им помага на жените?

Ова се само дел од темите за кои на свој оригинален начин ќе ни раскаже стенд-ап комичарот Марјан Ѓорѓиевски, кој ќе одржи свое шоу на 13 декември (четврток) во Дом на АРМ во Скопје од 20 часот.

На предновогодишната дружба со својата публика, Марјан ветува дека е подготвен да им удри шлаканица на ефтините идеологии и на скапите безобразлуци. Меѓу многу теми, тој ќе чепне неколку и од најинтересните женски. Ќе открие зошто автомобилот повеќе од жена, ќе раскаже кои се десетте чекори до успешно влегување во тајниот хоризонт до срцето на една жена, но и кој е тој еден чекор до срцето на мажот. Ќе зборува и за психологијата за домаќинки и психологијата на мажите обложувачи, а ќе ги стави на „тапет“ и јавните личности во Македонија.