,

Краставица и ладна бања: Десет правила на Елена Бубало за поубава и поздрава кожа

Од мали нозе практикува активен животен стил, а основата на спортскиот дух и дисциплина ја стекнала како играорка. Веќе со години работи како персонален и групен тренер и многумина веќе слушнале за нејзината програма Total body workout by Bubalo. Минатиот викенд на второто издание на „Дерма фест“, под покровителство на „Женски магазин“ се одржа панел дискусија на тема „Секојдневните предизвици на женската убавина во 21 век“. Токму таа беше наша гостинка и имаше толку многу да ни раскаже за нејзините навики, но и трикови. Ова се десетте правила на Елена Михајловска за поубава и поздрава кожа.

1. Вежбањето освен што може да ви помогне да имате добро обликувано тело, да намалите телесна тежина, да се чувствувате убаво и здраво, исто така влијае и дава различни придобивки на Вашата кожа.

2. Вежбањето ѝ помага на Вашата кожа да изгледа убаво и здраво. Со самото вежбање може да придонесете во решавање на проблемот со акните, брчките и останати промени на кожата на лицето. Нови истражувања имаат докажано дека со вежбањето се забавува процесот на стареење на кожата, дури и кај луѓето што почнуваат да вежбаат во подоцнежните години.

3. Во проблемот со акни може да помогне вежбањето. Редовната и правилна физичка активност ја зголемува крвната циркулација. Вежбањето практично ја храни кожата. Крвта и кислородот се со поголем доток низ кожата и помагаат во исфрлање на токсините надвор од истата. Впрочем потењето е тоа кое помага во исфрлање на токсините, маслата и други нечистотии преку порите.

4. Да не заборавиме дека ова не може да се случи преќу ноќ и дека ако утре почнете да вежбате ќе го решите проблемот со акните. Дајте си време и вежбањето ќе го даде позитивниот ефект. Не заборавајте дека е важно правилно чистење на лицето за да може порите правилно да ја вршат својата функција. Вежбање во комбинација со одредени медицински препарати во консултација со доктор е одлична комбинација.

5. За време на вежбањето се лачи поголемо количество од „убавиот“ хормон ендорфин кој е одговорен за убаво да се чувствувате и помага во ослободување од стресот. Зголемувањето на ендорфин и редуцирањето на стресот го намалуваат нивото на хормонот кортизол кој е одговорен во создавањето на акните.

6. Ареобните вежби го исполнуваат телото со големо количество на кислород. Тогаш кожата инстантно добива сјаен изглед кој трае подолго време во текот на денот.

7. Вежбањето помага за подобар сон, а со редовно спиење и одмор, знаеме дека се регенерираат сите органи вклучувајќи го и најголемиот - кожата.

8. За мојата грижа на кожата и изгледот на лицето главно е одговорен мојот начин на живот: правилна и здрава исхрана, физичка активност и сон. Но, после 30-та година е препорачано да се користат одредени витамински креми, хијалуронска киселина, колаген кои ги користам во консултација со мојот доктор.

9. Сите ние имаме некои домашни препарати кои ги користиме или сме ги пробале за нега на нашата кожа. Од нив ќе ги одвојам свежа краставица, кокосово масло, ладна бања.

10. Водете грижа за своето здравје. Вежбајте, негувајте ја Вашата кожа, изгледајте убаво и смејте се повеќе!

Ѓ.С.