Конференција на жени претприемачки, во среда во Скопје

По втор пат Македонија, на 5 декември ќе се случува настанот „Конференција за 200 Жени Претприемачки„ кој оваа година ќе порасне од 100 на 200 претприемачки.Настанот ќе се одржи во „Аликас ивент центар“. 

Забава, инспирација, мотивација, вмрежување – овие четири лозинки накратко ја  опишуваат конференцијата „200 Жени Претприемачки“ што е невообичаен мотивациски настан за жени. Овој енергетски ден ќе биде исполнет со знаење, инспирација, добри енергетски и деловни контакти.

Kasia Еvents – кој е одговорен за организирање на конференции, планирано е на овој ден да се соберат 200 жени кои имаат желба за живот, кои сакаат да воспостават деловни контакти, да ја разбудат во себе силата и да дејствуваат и да се охрабрат за промени, за коишто секогаш сонувале. На конференцијата ќе присуствуваат жени кои што се сопственички на свој бизнис, жени кои имаат неограничени претриемачки идеи, но им недостига охрабрување да го направат првиот чекор, како и жени кои се менаџери, лидери во својата професија.

На конференцијата ќе има гости – презентери (претприемачи/чки) кои на сликовит начин, со конкретни примери ќе го претстават нивниот пат во претпиемаштвото. Презентерите до сите учесници ќе дадат соодветни насоки и примери како да се биде сè поуспешен во водењето на својот бизнис.

На конференцијата ќе се зборува како до поголем успех во бизнисот, финансиите, маркетингот и животот и значајни предавања и од експерти за женско претприемништво. Повеќе информации на http://bit.ly/kasia200zp