Колку заработуваат прочуените скопски стилисти и фризери

Многу гламур за малку профит. Финансиски гледано, секој аналитичар вака би ги опишал бизнисите на најпрочуените скопски фризери и стилисти луѓето што ги слави целата домашна естрада. Верувале или не приходите на најпопуларните фризери и стилисти во Скопје се движат од 60.000 до 200.000 евра, но нивните профити се од 1.000 до 7.000 евра годишно. Побогу дали овие мајстори на своите професии работат само за слава!!!!?????

Никој што има не жали пари за добра фризура и шминка, а на фризер и стилист се чека ред исто како и кај прочуен дизајнер или врвен доктор специјалист. Перцепцијата на јавноста е дека прочуените фризери и стилисти кои најчесто се пребукирани заработуваат многу пари. Затоа што нивната работа е тренди, гламурозна, тие се јавни личности и често се во центарот на вниманието затоа што се на рамна нога со македонските селебрити ликови. Всушност нашите фризери и стилисти во многу што придонесуваат за имиџот на македонските популарни „фаци“.

Најголема македонска компанија од дејноста фризерски салони и салони за разубавување е „Афродита С Центар за убавина“ од Скопје. Оваа фирма сопственост на Сузана и Дарко Блажевски и на Ирена Стојановиќ во 2018 година остварила приход од 206.000 евра, а нејзината добивка изнесува 2.400 евра.

Изненадувачки на второто место е прилепска фирма со назив „Дерма Бела“. Приходите на оваа компанија во 2018 година изнесуваат 154.500 евра, а добивката изнесува само 1.350 евра.

Од познатите скопски студиа „Бјути Вумен“ , „Мое Студио Дадар“, „Јуник Студио“, „Диор“ и „Бубе Студио Ин“.

„ДД Диор Диор Дим2“ фирмата на Ива и Марко Андреевски има најголеми приходи во остраната скопска конкуренција. Тие изнесуваат 104.000 евра, а од нив добивка е 6.860 евра.

Студиото на Мелина Милески попозната во јавноста по својата компанија „Силуете“ „Бјути Вумен“ во 2018 година остварило приходи од 91.600 евра и добивка од 7.060 евра.

Студиото „Јуник“ е следно на листата според остварените приходи кои изнесуваат 88.200 евра, а добивката е само 1.230 евра.

„Бубе Студио ИН“ сопственост на Љупчо Петрушевски во 2018 година остварило приходи од 66.800 евра, а добивката е 2.700 евра.

Студиото на Александар Биљаноски или популарниот Дадар „Мое студио Дадар“ во оваа конкуренција во 2018 година остварило приходи од 61.350 евра, а добивката му била 835 што го прави студио со најмала добивка во својата конкуренција.

Најуспешна фирма од оваа дејност – фризерски салони и салони за разубавување во Скопје била В.Е.З Трејд. Оваа фирма сопственост на Зоран Златковски во 2018 година остварила приход од 54.600 евра, а добивката била, верувале или не, 43.900 евра.


Читајте на Фактор.мк