КОЛКУ СМЕ ПОТЕШКИ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ КАЛОРИИ ГУБИМЕ СО ПЛИВАЊЕ

Пливањето е познато како еден од најздравите спортови, и активност со која се губат најмногу калории. Интересен е фактот дека потешките луѓе горат повеќе калории додека пливаат од оние со помалку килограми. 

Истражувањата велат дека луѓето на рекреативно пливање се задржуваат од 45 минути до нешто повеќе од еден час. Ако имате околу 55-60 килограми, со еден час бавно пливање ќе загубите околу 590 калории, а со побавно пливање 413.

Ако тежите околу 70 килограми, ефектот ќе биде поголем. Според стручњаците, дури 704 калории се губат со брзо пливање на оваа тежина, а околу 500 со бавно пливање. Десет килограми потешките, оние со 80 кг, горат 820 калории со брзо и 572 со бавно пливање. Ако имате 90 и повеќе килограми и сакате пред летните одмори да имате убава фигура, пливањето е идеален начин за тоа. Со еден час побрзо пливање ќе ви снема дури 930 калории, што е близу до вредноста на едно дневно мени во диета. Со побавно пливање, на оваа тежина се губат 650 калории. 

Летните одмори се во тек, а сите жени сакаат убава фигура. Освен фитнес клубовите и спортувањето на отворено, размислете да се зачлените и во некој од градските базени.