Колку си имала пред мене: Незгодно прашање кое бара добар одговор

Порано или подоцна доаѓа и до ова непосакувано прашање: „Еј, кажи ми со колку мажи си била пред мене?“

Секако одговорот на многу жени е лажен од различни причини, но сега постои оптимален број.

Што да му одговориме на мажот, доколку добиеме вакво прашање. Дали да му кажеме со колку мажи сме спиеле, ако е мал број може да не смета за неискусни, ако е голем ќе мисли дека спиеме со секој. Која е златната средина?

Златната средина е десет!

Во анкетата на најголемиот портал за спојување двојки „illicitencounters“ учествуваа повеќе од 1000 корисници. Одговараа на прашањето колку сексуални партнери имале, а резултатот бил измеѓу 8 и 12. И не постои разлика меѓу мажи и жени.

Постои само една разлика, а тоа е колку партнерот „толерира“ сексуални партнери. Мажите ако слушнат дека жената имала 10 сексуални партнери ја сметаат за „лесна“, додека пак жените трпат и ако мажите кажат дека имале 20 сексуални партнерки.

Како и да е, ако добиете вакво прашање, најдобро е да ја кажете вистината и да бидете искрени кон партнерот.