Колку ќе заработат Бред Пит и Рене Зелвигер по освојувањето на Оскарите?

Победата на најважната филмска ноќ на светот може да значи милиони на банкарската сметка на актерските ѕвезди.

Според студијата за Money Nation за 2016 година,sвездите во просек добиваат долнителни 60% зголемување на платата по освојувањето на Оскар .

Откако Хали Бери зеде Oскар за најдобра женска улога во 2002 година, нејзината просечна заработка по улога се зголеми - скокајќи од проценетите 118.750 до 6,5 милиони долари.

Том Хенкс забележа сличен пораст во 1994 година со неговата заработка зголемена по Оскарите. Хенкс скокна од дотогаш 700 000 долари до 10 милиони долари.

Во секој случај, проценетата заработка се зголемува за минимум 20% - што често може да се преведе на илјадници, ако не и милиони долари во текот на кариерата на актерот.

Миленикот на публиката и на режисерите Бред Пит кој освои Оскар за споредна машка улога во „Беше еднаш во Холивуд“ , досега тежеше 300 милиони долари. Сега може да претпоставуваме на колку ќе му скокне контото во банка.

Рене Зелвигер, која освои Оскар за најдобра главна женска улога во „Џуди“ , досега тежеше 60 милиони долари.