Ребека: Кога вежбам со Маркијан добивам сила

Возам ролерки на кејот на Вардар по 15 до 20 километри на ден. Така ја одржувам линијата , но и позитивните мисли, што е уште поважно. Потоа, со Маркијан одиме заедно во парк и правиме вежби. За неговото здравје е многу важна таа физичка активност, а и јас уживам додека вежбам со него

Редовно возење ролерки на кејот на Вардар и вежби со најстариот син Маркијан во Градскиот парк се омилениот ритуал на поп-пејачката Ребека Јанковска- Ристески.

 „Се трудам во денот да имам  време кое што ќе си го посветам на себеси. Возам ролерки на кејот на Вардар по 15 до 20 километри на ден. Така ја одржувам линијата , но и позитивните мисли, што е уште поважно. Потоа, со Маркијан одиме двајцата заедно во парк и правиме вежби. За неговото здравје е многу важна таа физичка активност, а и јас уживам додека вежбам со него. Тие вежби ми даваат најмногу сила“, ни изјави Ребека, која е претседател на здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“. 


Маркијан прозборе со музика.-Ребека со синот

Близнаците Макариј и Доротеј имаат речиси шест години

Како дел од своите активности, здружението „Дајте ни крилја“, за своите членови организираше музичка терапија во училиштето „Пијано форте“. Ребека вели дека Маркијан кој има неполни 13 години прозборел со песна, и затоа смета дека лекување со музика ќе им помогне и на другите деца. 

Во 2013 година, таа и нејзиниот сопруг Милан Ристески станаа родители на близнаците Доротеј и Макариј. „Маркијан многу ги сака браќата доаѓа заедно со мене да ги земеме од градинка. Со нив си игра брканица и криенка, ги гушка и ги бакнува. Тој пак, е нивен идол“, рече Ребека за своите синови. 

Милица Џаровска