Класика во преден план: Александар Дадар во модниот фокус (фото)

Македонскиот стилист Александар Билјановски, познат како Дадар, во текот на својата долгогодишна кариера се има погрижено за изгледот на многу познати македонски дами, но и гостинки од регионот.

Но тоа што е секогаш впечатливо за него е дека и покрај обврските, тој наоѓа време за себе. Годините за него се само бројка, а стилот му е чиста десетка. 


Така и овој пат, стилистот на свадбата на поранешната водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, манекенката Мартина Михајловска се појави облечен во одело со дезен, комплетирано со бела кошула и елегантни кондури. Класичниот изглед Дадар го искомбинира со најубавиот моден додаток, убавата широка насмевка. 

Не се сомневаме дека покрај младоженецот, Дадар бил еден од најубаво облечените гости на свадбата на Михајловска.