Ќерката на Здравко Чолиќ доби подарок од 10 години постариот бизнисмен: Уна го криеше партнерот една година, а сега... (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Постарата ќерка на пејачот Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ, е исклучително активна на социјалните мрежи, каде сега се пофали со подарок за Денот на вљубените кој остави многумина без зборови.

Уна често објавува фотографии и го привлекува вниманието на своите следбеници покажувајќи им како ги поминува деновите, каде излегува, патува и како се облекува.

Ќерката на пејачот, според медиумите во соседтството, веќе една година ужива во љубовна врска со десет години постар бизнисмен, кој за Денот на вљубените и подарил голем букет жолти лалиња.

Иако не објавува заеднички фотографии, Уна решила да им го покаже на обожавателите овој убав гест од партнерот, а судејќи по коментарите на интернет многумина воодушеви. 

Инаку, Чолиќ беше без шминка, со врзана коса и во бунда, а дваесетина лалиња беа украсени со виолетова машна.

Да потсетиме, парот неодамна беше уловен на приватна прослава во Белград и беа целосно опуштени. И покрај тоа што била на јавно место, Уна не криела дека има момче, но се‘ уште немала објавено фотографии со него.

Тоа што Уна често оди на концертите на татко ѝ со своето момче покажува дека таа го направила најдобриот избор, што значи дека пејачот се согласува со нејзиниот избор.


Фото: инстаграм