Кејт Мидлтон ги засени сите: Ѕвездите на црвениот килим на БАФТА 2020

Војвотката од Кембриџ, синоќа на црвениот килим  на Британската академија за филмски и телевизиски уметности (БАФТА), во „Ројал Алберт Хол“ во Лондон, како почесна гостинка, со изгледот ги засени холивудските ѕвезди. Кејт Мидлтон (37) како  припадничка на британското кралско семејство шармираше во бело-златен долг фустан од Александар Меквин, (кој веќе го носеше во 2012), салонки на Џими Чу и накит од Van Cleef & Arpels. Присутните гости на настанот беа поттикнати да носат облека која веќе ја имале претходно носено или да изнајмат креации. Вилијам, кој е претседател на BAFTA десетта година по ред, го додели највисокото признание, во црн костум и чевли од кадифе. 

Шарлиз Терон во Диор

За разлика од лошите стајлинзи на наградите „Греми“ кои го слават најдоброто од музичката индустрија, годинешната БАФТА се пофали со гламурозни модни изгледи кои беа вредни за паметење. Ѕвездите избраа тоалети со дизајнерски потпис а доминираа класични и модерни варијанти во неутрални, џиш бои но и во безвременската-црна боја.

Кејт Мидлтон во Александар Меквин

По модниот дебакл на „Златните глобуси“  Шарлиз Терон блескаше во бајковита тоалета во виолетова боја на Диор. Необичниот изрез на горниот дел од тоалетата ја  потенцираше нејзината бунтовна страна, додека долниот лелеав дел имаше романтична црта. 

Скарлет Јохансон во Версаче

Скарлет Јохансон изненади со изборот на розева креација со пердуви и монистри на Версаче, Рене Зелвигер беше едноставна ама елегантна во Прада, Марго Роби во необична за неа, класична и смирена тоалета на Шанел, Сурша Роан во едноставна  црна креација на Гучи, „златната“ девојка Зои Кравиц во Ив Сен Лоран, Лора Дерн во џиш розова тоалета на „Прада“, Дејзи Ридли во Оскар де ла Рента, Руни Мара во забележителна креација на „Живанши“, а најсекси изгледаше ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради- Лили Роуз-Дип, во провидната тоалета од тантела на Шанел. 

Рене Зелвигер во Прада

Марго Роби во Шанел

Зои Кравиц во Ив Сен Лоран

Лили Роуз-Дип во Шанел

Лора Дерн во Прада

Дејзи Ридли во Оскар де ла Рента

Руни Мара во Живанши

Џилијан Андерсон


Награди „БАФТА 2020: Најдобар филм „1917“, Рене Зелвегер и Жоакин Феникс се најдобри актери

Историскиот филм „1917“ ја доби британската награда БАФТА за најдобар филм и најдобра режија, а меѓу актерите, на 73. по ред свеченост на британските филмски награди, овековечени се Рене Зелвегер и Жоакин Феникс. Наградата за најдобра машка споредна улога ја доби Бред Пит за улогата во Once Upon A Time... in Hollywood", а најдобрата женска споредна улога ја освои - Лора Дерн за улогата во "Marriage Story".

Филмот „1917“ кој го следи патот на британските војници во Првата светска војна освои награда за најдобар филм, а режисерот Сем Мендес за најдобра режија. Приказната за Првата светска воја веќе освои два Златни глобуси и номинација за Оскар.

Со тоа, режисерот Сем Мендес ја победи силната конкуренција Мартин Скорсесе за филмот „The Irishman“, Тод Филипс (Џокер), Квинтен Тарантино (Си беше еднаш во Холивуд) и Бонх Јоон-Хоа (Паразит).

Филмската екипа на „1917“

Американската актерка Рене Зелвегер ја доби Бафта наградата за најдобра актерка за својата интерпретација на легендарната холивудска ѕвезда Џуди Гарланд во биографскиот филм „Џуди“. За таа улога Зелвегер, веќе освои номинација за Оскар и го освои својот Златен Глобус. За Бафта наградата за најдобра женска улога се натпреваруваа и Цеси Бакли во филмот „Wild Rose“, Скарлет Јохансон (Marriage Story), Саорис Ронан (Ќерката на докторот Марч) и Шарлиз Терон (Скандал).

Американскиот актер Жоакин Феникс ја освои годинешната Бафта за најдобар актер за својата интерпретација во филмот Џокер. 45-годишниот актер исто така се натпреварува и за Оскар во улогата на Џокер, а со освојување на Бафта наградата ја остави зад себе конкуренцијата Леонардо ди Каприо (Си беше еднаш во Холивуд), Адам Драјвер (Marriage Story), Џонатан Прајс (Џокер) и Тарон Егертон (Rocketman).

Фото: Јаху ентертејмент