Кејт и Вилијам го чекаат четвртото бебе

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон е бремена по четврти пат и повторно ќе роди девојче, според британскиот портал „Госип кап“. 

Веста ја пренесоа и други светски медиуми. Пријатели на кралската двојка наводно велат дека Вилијам и Кејт сакаат да имаат четири деца: две машки и две девојчиња. Истите извори тврдат дека Мидлтон ги има сите симптоми на рана бремениост. Таа од сега носи покомотна облека, внимава на исхраната и пие чај кој ѝ ги олеснува мачнините. 

Кејт Мидлтон во октомври стана тетка. Нејзината сестра, Пипа Мидлтон, го роди своето прво дете (машко). Таа се породи во истата болница каде што во Кејт и Дијана ги родија своите деца.