Катарската божица на стилот, која турбанот го издигна до модниот рај: Ја запре планетата со испресивна реплика на фустан стар 88 години

Добивај вести на Viber

Нејзиното височество Шеиха Моза се смета за стилска икона на арапскиот свет. Таа е вистинска убавица и нема да можете лесно да здивнете ако се најдете пред неа. Тоа лице изгледа како да го вајал скулптор од бајка од „Илјада и една ноќ“... Таа има 65 години, седум деца и исто толку докторати, баснословно е богата, а позната е и како страстен колекционер на висока мода.

View this post on Instagram

A post shared by Moza bint Nasser - موزا بنت ناصر (@mozabintnasser)

Се вели дека таа е најмоќната жена на Блискиот Исток, што е извонреден подвиг во општество каде што правата на жените се уште се доведени во прашање. Елегантна, висока, достоинствена, со армија обожаватели која расте од ден на ден, Шеиха Моза бинт Насер изгледа како пустинска принцеза која го открила еликсирот на вечната младост.

Не се истакнува премногу, и - искрено кажано - не мора, бидејќи има магнетна привлечност и на секој настан влегува во центарот на вниманието без да мора да крева прст. Истиот впечаток го остави и на свечената вечера на која „Џорџтаун Универзитетот Катар“ прослави 20 години работа. Таа за оваа пригода ја избра империјалната креација „Schiaparelli“ од колекцијата висока мода за есен 2021 година.

View this post on Instagram

A post shared by SheikhaMozaFashion (@sheikhamozafashion)

Станува збор за стилизирана реплика на фустанот што основачот на куќата, Елса Скиапарели, го дизајнираше во далечната 1937 година во соработка со познатиот поет и сликар Жан Кокто и брендот „Лесаж“. Со цветни елементи на рамената и грбот, впечатливата црна тоалета изгледаше како вазна полна со цвеќиња, украсена со профилите на две лица насликани од Кокто.

View this post on Instagram

A post shared by SheikhaMozaFashion (@sheikhamozafashion)

Осум децении подоцна, креативниот директор Даниел Розбери ја врати во живот во малку поинаква верзија – во сина боја, без детали од кожурец, но со турбан, додаток кој ја издигна Шеика Моза до модните рајови.

Аналитичарите кои внимателно го следат секој потег на моќната дама забележаа дека тоа е прв пат таа да носи креација од Роузбери на некој настан, не сметајќи ја онаа што ја носела на неодамнешната венчавка на нејзиниот најмлад син.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs