Катарина Ивановска: Мојот партнер е посветен на грижата околу бебето

Манекенката Катарина Ивановска е заштитно лице на кампањата „Зачекори напред: Со сервиси за поддршка до поголема родова рамноправност“, на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (HERA), со кое се подигнува свеста за породилното отсуство за мажите, односно татковците. Таа како мајка на синчето Вања кое го доби со партнерот, раскажува за своето искуство на оваа тема.

- Многу рано почнав да заработувам, не сакам да зависам од никого. Раѓањето на син ми не беше пречка рано да се вратам на работните ангажмани, едноставно имав потреба што поскоро да почнам со работа. Сето ова беше можно благодарение на мојот партнер, кој целосно се посвети во тие моменти на грижата околу бебето. За среќа тој можеше да си го дозволи тоа, без да користи породилно отсуство, но што е со оние кои го немаат тоа?- вели Катарина.