Карстен Броих, Германец кој отвори компанија во Македонија: Тука имам огромна поддршка

Во услови на проблеми со перспективата на младите, на претприемачите кои имаат идеи но, немаат доволно поддршка за развој на идеите и на квалитетните кадри кои шансите ги гледаат некаде надвор од Македонија, многу позитивен пример на обратен процес е тој на Карстен Броих, претприемач роден во Германија, кој се образувал и работел насекаде на светот, за сега да работи и живее тука развивајќи ја сопствената компанија. Брох идејата ја основање на бизнис во Македонија ја добива сосема случајно. Со пријателите решиле да поминат еден викенд во Скопје за ергенска забава од каде всушност и започнале првите разговори за идејата зошто да не отвори компанија токму тука. Сега Броих е заљубен во Македонија и веќе четири години успешно го развива бизнисот со компанијата Sales Rocks, компанија која нуди иновации за автоматизација на продажните процеси со пристап до огромна база на податоци со директни контакти и канали на маркетинг. Броих вели дека Скопје може да биде технолошки хаб за претприемачи од Западна Европа, лесно е да се започне бизнис, но потребно е елиминирање на папирологијата и воведување на дигитални административни услуги.


Целото интервју на Фактор.мк