Кардинални грешки: 4 работи кои мажите не ги поднесуваат кај жените!

Кога се обидуваат да изгледаат што е можно поубаво и да остават што подобар впечаток, жените често прават кардинални грешки со кои го губат вниманието на машкиот пол.

Вкусови се различни, но за следните работи речиси сите луѓе мислат исто.

Премногу шминка

Во обид да изгледаат подобро, а со тоа и попривлечни за спротивниот пол, жените често преувеличуваат со износот на шминка. Тие ставаат слој по слој за да ги прикријат сите недостатоци, не сфаќајќи дека  всушност тоа создава одбивност кај мажите. Бројни студии покажуваат дека мажите преферираат поприроден изглед.

Изгладнување

Мажите апсолутно одбиваат жени кои се срамат да јадат. Тие сакаат да видат девојка која ужива во храната, затоа заборавете на салати и слични диети, кога сте на состанок со него. Од непознати причини, девојка која сака да јаде е привлечна.

Алкохол

Слободно напијте се алкохолен пијалок, но не обидувајте се да докажете колку можете да испиете. Девојка која пие еден пијалок по друг, можеби е забавна, но мажот сигурно нема да ја смета како кандидат за врска.

Нападно однесување

Ако момците мразат нешто, тогаш тоа се нападни девојки. Не се мисли само на претерани напори за физички контакт, туку и за разговор. Претерувањето со комплименти и смеењето на секоја негова изјава, целосно ќе го излади.