Капсули од зелен чај ми го уништија црниот дроб: Поучна приказна за додатоците во исхраната

Џим Меккант пиел капсули од зелен чај во обид да внимава на своето здравје во втората половина од животниот век и да остане здрав

Тоа требаше да биде еден од најсреќните денови од неговиот живот. Но, Џим Мекканс на матурата на својот најмлад син се соочи со мешани емоции. Кога седна до неговата сопруга Кетлин на универзитетската прослава, во Далас, Тексас, таа се сврте и го погледна.

- Дали се чувствуваш добро?- го праша сопругата.  

- Да, се ​​чувствувам добро, зошто? -праша тој со чудење. -Твоето лице е жолто, твоите очи се жолти, изгледаш ужасно- му одговори таа. Кога се погледна во огледалото, беше шокантно.

Џим со својот син и сопругата Кетлин, на матурата на синот

Делумно беше шокантно затоа што Џим, тогаш, на 50 години, работеше на подобрување на својот животен стил и на губење на тежината, фокусирајќи се на здрава исхрана и редовно вежбање.

- Мојот татко имаше срцев удар на 59 години. Има многу што тој пропушти со нас и јас бев решен да го правам она што можам, за да се грижам за себе најдобро, за да не пропуштам ништо со моите деца - раскажува Џим.

Но, веднаш по дипломирањето на неговиот син, Џим беше примен во болница со сомневање за повреда на црниот дроб.

Обидувајќи се да ја идентификуваат причината за повредата на црниот дроб на Џим, оние кои го лекуваа го отфрлија алкохолот. Џим во последните 30 години од својот живот едвај конзумираше една гајба пиво во годината. Исто така не конзумираше никакви лекови на рецепт, а никогаш во својот живот не беше пушач.

Она што останува беа додатоците во исхраната. Како дел од неговиот здрав начин на живот, Џим почна да зема додаток за зелен чај, затоа што слушна дека може да има полза за здравјето на срцето. Овие додатоци добија многу популарност во последниве години, честопати се промовирани онлајн за нивните антиоксидантни бенефиции, и за нивната претпоставена способност да се помогне во губење на тежината и да се спречи рак.

Тој земаше додаток од зелен чај, од два до три месеци пред да се разболи. Беше активен физички и дома и на работа, но според медицинската дијагноза на Џим, ова е претпоставена причина за повреда на црниот дроб. 

-Тоа беше шокантно, бидејќи јас само слушнав за придобивките од зелениот чај. Јас не слушнав за никакви проблеми- се сеќава Џим.

Она што е најлошо, е што резултатите од серија крвни тестови за да се утврди сериозноста на повредата на црниот дроб открија дека Џим мора итно да направи трансплатација.

За среќа веднаш беше најден донатор, но и по успешната операција, четири години подоцна, тој се бори со абдомална болка и бубрези кои може да го доведат до дијализа.

Џим веќе покрена тужба против американската фирма „Vitacost“, која ги произведува овие суплементи во исхраната. Она што тој го бара е покрај придобивките, да ги напишат и последиците кои можат да се јават од конзумирање на овој додадок во исхраната.

Додека милиони луѓе земаат додатоци со зелен чај безбедно, пријавени се најмалку 80 случаи на повреда на црниот дроб поврзани со овие додатоци во целиот свет, почнувајќи од замор и жолтица до случаи за кои е потребна трансплантација на црн дроб.