КАНЦЕРОГЕНИ СЕ: Државен притисок да се намали присуството на акриламид во помфритот, чипсот, грицки, леб, кафето

Производителите на храна, сендвичарниците и пекарите дополнително да го намалат количеството на акриламид во храната. Новиот Правилник кој го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство од нив бара да применуваат дополнителни мерки со што ќе произведат и ќе продаваат производи со најниско можно ниво од оваа супстаниција. Акриламидот е органско соединение кое се формира во одредена храна кога се пече и пржи на високи температури односно на темепаратура од 120 до 150 Целзиусови степени. Врз основа на научни студии на животни, потврдено е дека акриламид во храната потенцијално го зголемува ризикот од развој на рак кај потрошувачите во сите возрасни групи. Бидејќи акриламидот е присутен во широк спектар на секојдневни јадења, оваа загриженост важи за сите потрошувачи, но децата се најизложена возрасна група со оглед на телесната тежина.

Пржени компирчиња, помфрит, препечен леб, грицки, крекери, чипс, бисквити, обланди, медењаци, храна за бебиња - во сите има акриламид. Од Агенцијата за храна за Фактор објаснуваат дека  со Правилникот  се  пропишуваат  општите  барања  за  безбедност  на  храната  во  однос на  нивоата  на  референтните  вредности  за  намалување  на  присуството  на  акриламид  во храната.


Што велат од Агенција за храна и што стои останато во новиот правилник прочитајте на Фактор.мк