Каква долна облека да изберете за новогодишната вечер: Црвено за љубов

Сигурно сте слушнале за ова верување или можеби веќе го практикувате. Сега е време да научите нешто за неговото значење!

Според традицијата, која датира од средниот век, на луѓето не им било дозволено да носат црвена облека, бидејќи бојата се поврзувала со крв, ѓавол, магии и лоши сили. Луѓето без оглед на празноверието сакале да носат црвена облека во текот на ладната зима, затоа што ги асоцирала на љубов и била симбол на сончевата енергија. Па така, во обид да избегнат казна, нашле совршена алтернатива: криеле црвени парчиња под облеката. 

Така според легендата, жените кои носат црвена долна облека за време на Новогодишната ноќ, имаат среќа во љубовта следната година, привлекуваат богати мажи или наоѓаат страст во нивните сегашни врски.

Црвената долна облека сега е поврзана со страст, среќа и секс, па затоа носењето црвена долна облека на Новогодишната ноќ не само што може да ви донесе љубов во новата година, туку и многу страст.

Може да изберете црвени боксерки и за вашиот партнер, за да бидете сигурни дека наредната година ќе ви биде љубовна.

Затоа ако сакате да имате среќа во љубовта, а воедно да бидете секси и да се чувствувате удобно, побрзајте да си купите црвен долен веш, кој ќе го носите овој вторник.

За сите направени порачки на www.bonatti.mk до 32.12.2019, следува бесплатна достава.