Како да се справите со децата: Празници без испади на бес

Можно е да се имаат и весели празници во кругот на семејството и пријателите, но треба да знаете како со децата во тој период бидејќи и тие сфаќаат дека се помалку е поинаку од вообичаено и се склони кон негодување поради тоа. Празниците се веќе тука. Продавниците се преполни со играчки и слатки кои ги мамат најмалите. И ние возрасните тешко се воздржуваме во близина на сите тие прекраснотии, па ни децата не се исклучок. Разликата е во тоа единствено што ние знаеме да се контролираме и да се посветиме на она што ни е нужно потребно, барем повеќето од нас. Децата уште тоа не го можат. Тие кога видат нешто што сакаат, тоа веднаш мора да го добијат, бидејќи инаку следи вистински излив на бес. А за да се избегне фрлање насред некој шопинг центар, треба да знаете како да прокомуницирате со детето за она што ние сакаме да му порачаме. 

Доаѓањето на гости или одење во посета исто така може да создаде проблеми. Иако тоа на возрасните добро им доаѓа малку да го разбијат своето секојдневие, за децата тоа може да биде приличен шок. Рутините кои толку ги сакаат, одеднаш повеќе ги нема, а некои други деца си играат со нивните играчки. 

Затоа е добро детето добро да се подготви на новата ситуација. Би било добро ден порано детето да добие најава што ќе се случува. Да речеме со реченици како: „Утре ни доаѓаат Марко и Петра. Ќе си играат со твоите играчки. Нема да си ги однесат дома.“, ќе му дадете до знаење на детето кој доаѓа и што ќе прави, и дека нема да остане без играчки. Имено, малите деца често не сакаат да ги делат играчките бидејќи мислат оти другите ќе ги однесат засекогаш. Токму е наведено често како причина не така убаво однесување.