Како да не јадете по 18 часот: Трикови за слабеење

Доколку сакате да постигнете идеална тежина неопходно е пред се ментално да се спремите за да може да направите физички промени на телото.

За да ја постигнете целта, нутриционистите советуваат да не јадете по 18 часот. Ова претставува вистинско искушение, особено за оние девојки и жени кои имаат „кризи“ за благо во доцните часови.

Сепак, ние ќе ви понудиме неколку совети како да се справите со своите искушенија.
Можете да залепите фотографии од крупна и актрактивна девојка на вратата од фрижидерот, па секогаш кога ќе сакате да посегнете по парче торта, ќе мора да одлучите која од нив сакате да бидете во иднина.


Второ, можете да медитирате и со тоа да научите да ги контролирате телото и умот.
Доколку не можете да издржите, наместо да јадете храна која лесно ќе се налепи на вашето тело, изберете протеини. Ако одлучите да не јадете по 18 часот, вечерата треба да ви биде во 17 часот, а тоа значи и дека ќе треба порано да си легнувате.

Предноста на овој начин на исхрана е што порано ќе станувате за доручек, кој треба да ви биде збогатен со житарки, цедени сокови и чаеви, а по враќањето од работа гледајте да го исполните времето со домашни обврски, кои ќе ви го оттргнат вниманието од потребата за храна.

Во периодот на диета, добро би било да избегнувате спремање на колачи и торти или нивно купување, а доколку не можете да издржите, јадете јаболка или пијте јогурт пред легнување, а од нив нема да имате проблем со вишикот килограми.