Јазична уметност во International Kindergarten Pikolini MOUSE AND ME!

Наставната програма за јазична уметност со билингвален пристап во нашата градинка обезбедува рамнотежа и современа потреба за паралелно познавање на македонскиот и англискиот јазик. Англискиот јазик се изучува преку OXFORD - најновата програма MOUSE AND ME со различни пристапи кои ги идентификуваат различните стилови на учење кај децата и со запознавање на структурата и разбирање и секојдневна комуникација како и развивање кон повеќе комплексните поими и текстови. 

Љубовта кон книгата се развива се повеќе како и паралелна комуникација на двата јазика. На почетокот нивното говорење и пишување се состои од едноставни зборови со едноставни конструкции. Потоа, во текот на годината, напредуваат и го обогатуваат вокабуларот со пракса на секојдневна комуникација на македонски и англиски јазик. 

Билингвалната метода пресликана од градинките во светот потврдува успешност во билингвална комуникација и спремност на децата да следат понатамошен едукативен процес.