Јапонски икигаи: Топ 9 тајни за добар, долг и навистина среќен живот

Жителите на „сините зони“ (Барбаига на Сардинија, Окинава во Јапонија, калифорниската Лома Линда во САД и полуостровот Никоја во Костарика) успеваат да го одржат здравјето и виталноста во доцните осумдесети, деведесети па дури и стоти години од животот. Во Јапонија е познат концептот икигаи, кој отелотворува среќа во животот, а во кој се преклопуваат четири животни квалитети-она што го сака човек, во што е добар, што му треба на светот и за што може да да биде платен. Во продожение ви откриваме 9 совети за добар и долг живот од Др. Хинохар кој поживеал 105 години, а до крајот работел 18 часа на ден. Тој бил јапонски лекар и никогаш не штедел зборови кога требало да им даде совети на другите како да поживеат долго и среќно. Само неколку месеци пред неговата смрт, во 105-тата година, лекувал пациенти, и работел и по 18 часа на ден. 
1.Енергија ќе имате ако се чувствувате добро, а не ако добро јадете и спиете „Сите се сеќаваме кога како деца, кога ќе ни беше убаво, заборававме на јадење и спиење. Верувам дека би можеле да задржиме таков став и како возрасни“. 
2. Никој од оние кои поживеале долго не се заканувале За доручек пијам кафе, чаша млеко и нешто сок од портокал со лажица маслиново масло во него. Маслото е здраво за артериите и ја одржува кожата здрава. За ручек јадам млеко со неколку колачи. За вечера јадам зеленчук, малку риба и ориз и двапати неделно малку месо. 
3. Не следете го слепо она што лекарот ви го кажува Кога лекар ви препорача некоја препорака или операција, прашајте го дали тоа би им го препорачал на својот партнер или дете. Спротивно на врежаните верувања, лекарите не можат да излекуваат секој. Мислам дека музиката и терапијата на животните може да помогнат повеќе отколку што лекарите замислуваат.  

4. Да ја победите болката, забавувајте се „Болката е таинствена и забавувањето е најдобар начин да ја заборавите. Ако дете го боли заб и почнете да си играте заедно веднаш ќе заборави на болката. Затоа во болницата Свети Лука постојат терапии со животни, музика и уметнички креативни работилници“. 
5. Секогаш качувајте се по скалите „Секогаш одам по две скали одеднаш како би ми се активирале мускулите“.
6. Пронајдете примери Мојот татко беше пионир во работата со која се занимава и е мојот голем идол. Во доцните години пронајдов и други животни примери и секогаш се запрашував што би направиле тие кога би се нашол во тешка ситуација“. 
  7. Не лудувајте за материјални работи „Ако имате премногу материјални работи, ќе мора и повеќе да размислувате за нив како би ги зачувале, а тоа донесува нови проблеми“. 
  8. Науката не може да ги излечи или помогне на сите луѓе „Науката на секој човек гледа од иста перспектива, но болеста секогаш е индивидуална. Секој човек е уникат, а болести се поврзани со неговото срце. Како би си помогнале, потребна ни е и духовна помош“.   
  9. Ништо не е поубаво од тоа да останеме подолго на овој свет „До 60 години работев за своите цели и семејство. Подоцна сакав да му допринесам на општеството. На 65 години почнав да волонтирам и уживам во тоа“