Изложба на филм-цртежи од иранскиот режисер Мохаммад Али Саџџади во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија од 19:30 ч. ќе се отвори посебна изложба со филм-цртежи на Мохаммад Али Саџџади, ирански режисер кој овие денови престојува во Скопје во склоп на Фестивалот на современи ирански и македонски филмови, кој се одржува во Кинотека. 


Филм-цртежите се извадени од филмот „Развод заради мачки“ со кој авторот ќе се претстави пред овдешната публика.


Авторот ќе биде присутен на отворањето на изложбата и заинтересираните можат да дојдат до посед на некои од делата со потпис на авторот.