„Изгледаш како повторно да имаш 16 години“: Легендарната манекенка (71) објави фотка во бикини-има изглед за чудење - ФОТО

Добивај вести на Viber

Кристи неодамна ги објави своите мемоари, во кои ќе пишува за нејзината кариера, бурните врски и семејството

Легендарната манекенка Кристи Бринкли (71) ги воодушеви своите следбеници со нови фотографии на кои го покажа својот младешки изглед. Кристи направи неколку селфи за време на возењето со брод, позирајќи во црвено бикини.

Така ја покажала својата завидна фигура, а „огнено“ црвеното бикини го искомбинирала со шарена кошула и капа. „Се чувствувам оптимист, а се надевам и вие. На сите им посакувам светли сончеви денови“, напиша таа.


Обожавателите, освен што останаа без зборови поради нејзината линија, не можеа да поверуваат дека Кристи веќе има над 70 години поради младешкиот изглед на лицето.

„Изгледаш одлично и на 71 година“, „Повторно изгледаш како да имаш 16 години“, „Се уште изгледаш неверојатно“, „Секогаш најубава“, „Апсолутно убава. Прекрасна насмевка“, ѝ напишале.


Заедно со новата фотографија, Бринкли објави и дека нејзините мемоари „Uptown Girl“, чиј наслов е инспириран од песната на нејзиниот поранешен партнер Били Џоел, ќе бидат објавени на 29 април. Кристи претходно изјави дека ги пишува мемоарите за „да ги инспирира читателите да го создадат животот што го сакаат“. Во своите мемоари ќе пишува за својата кариера која ја започнала како тинејџерка.


Кариерата ја започна како модел, позираше на насловните страници на различни списанија, а подоцна стана гуру за велнес и животен стил. Во текот на кариерата се испроба и во актерството и се појави во филмот „National Lampoon's Vacation“. Бринкли ја имаше главната улога и во спотот за хитот „Uptown Girl“, а во истоимените мемоари ќе пишува и за врската со пејачот Били Џоел, кој таа песна ја објави во 1983 година.


„Го напишав „Uptown Girl“ за да ги инспирирам читателите да го создадат животот што го сакаат, како што отсекогаш се трудев, не преку богатство и слава, туку со тоа што велев „да“ за авантурата и обидувајќи се да ја пронајдам магијата во секој момент, без разлика колку е голем или мал“, вели манекенката.


Foto: Printscreen/Instagram/CristieBrinkley