Интервју Јовановски: Ако не се реши аерозагадувањето ќе има и граѓанска непослушност

Најавениот масовен протест против последиците од загадувањето на воздухот кој требаше да се одржи во Скопје и низ целиот Балкан поради стравот од ширење на корона вирусот е одложен, но заложбите на организаторите не застануваат. Младиот Горјан Јовановски кој со години се обидува преку неговата апликација Moj Воздух/Air Care преку податоци да го прикаже проблемот со загадениот воздух вели дека борбата продолжува и ако е потребно ќе води кон граѓански непослушност. За него најважно е да се задржи интегритетот на податоците кои ги покажуваат штетните честички во воздухот од кои годишно во Македонија умираат околу 3000 луѓе. За жал, состојбите бавно се менуваат, па институциите често го ставаат него и самата апликација на тапет, а слични предизвици има и во регионот каде е активна AirCare апликацијата. Јовановски вели дека треба да се искаже незадоволството, а овој проблем со оглед на тоа што изворите на загадување се слични може да се реши и со искуства од регионот.

ФакторТребаше да се одржи првиот синхронизиран протест за спречување на последиците од загадениот воздух но, го одложивте поради опасноста од ширење на корона вирусот. Што планирате наместо протестот, и како овој проблем стана регионален, постои ли можност неговото решавање да се издигне на Балканско ниво?

Јовановски: До овој протест дојде кога еко организации од сите балкански држави сфативме дека се соочуваме со ист проблем на загадување и институционална незаинтересираност за решавање на проблем кој со децении споро убива голем број на наши сограѓани. По иницирање на белградската група „Не Давимо Београд“, се собравме здруженија од 5 земји каде што решивме во ист ден и ист час да има протест, за да покажеме дека сме сплотени во оваа борба.Верувам дека изворите на загадување се слични кај многу наши соседи, и треба заеднички да се седне на маса со нив за да се разгледа која држава што до сега има пробано од мерки. На тој начин може да се најде најефикасното решеније.

За жал, со појавата на корона вирусот во регионот, решивме протестот да го одложиме до крајот на епидемијата. Здравјето и заштитата на граѓаните за нас е на прво место, дури и од причинители што не се аерозагадување. Сепак, за да го одбележиме трудот на сите наши колеги од балканските земји што дадоа многу од себе за овој настан, денес во 18:00 часот ќе има специјално изненадување онлајн на ФБ страните на AirCare и Fridays for Future Skopje за сите оние што ја дадоа поддршката на овој настан, така да stay tuned.

Целото интервју прочитајте го на Фактор.мк