Имаше само 36 години: Преубавата водителка загина во бизарна несреќа

Во бизарна сообраќајна несреќа згасна животот на Емили Хартриџ, 36-годишната водителка, јутјуберка и инстаграм-ѕвезда. Според многумина омилената Британка, загина во јужниот дел на Лондон во близина на нејзиниот дом управувајќи електричен скутер. Во директен судар со камион, се здобила со тешки телесни повреди. Веднаш била пренесена во болница, но лекарите не успеале да ја спасат. Инцидентот се случил во петокот, а денес бизарната несреќа ја потврди и нејзиното семејство на нејзинот профил на „Инстаграм“.

- Страшно е на ваков начин да ви ја потврдиме трагичната вест. Емили беше влијателна кај својата генерација, едуцираше и забавуваше,  и тешко е да го замислиме животот без неа. Беше навистина посебна - стои, меѓу другото, под објавата.

Емили на својот јутјуб-канал имаше речиси 350.000 претплатници. На оваа платформа делеше совети за здрав живот, исхрана, патувања и за љубовни односи. Во нејзината кариера има интервјуирано бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Еди Редмејн и Хју Џекман.