Херој за кој зборуваше целиот свет: Кој е сопругот на пејачката Ерзана

Беше една од најпопуларните македонски пејачки на крајот од деведесетите години. Во 2000 година го сними својот прв и за сега единствен албум, „Без зборови“, чии хитови сѐ уште се слушаат.

Ерзана Бериша ја препознаваме по песните „Ноќна кралица“, „Колекционер“, „На чекор од тебе“. Кусо откако стана популарна, таа се омажи за Ариан Превала, се пресели во САД и се повлече од музиката.

Ерзана со Елена, лани во Скопје 

Минатата година Ерзана беше на гости во Скопје. На својот Инстаграм профил, фотографии од средбата со неа објави Елена Ристеска. „Се сеќавате ли на оваа девојка? Ја обожавам“, напиша Елена. Ерзана тогаш одби да дава изјави и интервјуа за македонските медиуми.

Пејачката со својот сопруг кој е по потекло од Македонија и со децата живее во Хартфорд, Конетикат. Превала е инструктор по летање, а пред две години светските медиуми го претставија како херој кој спречил авионска несреќа.

Ерзана со сопругот 

Сопругот на Ерзана, спречи трагедија во градот Мериден каде студентот-пилот, Ферас Фреитех од Јордан, во придружба на Превала кој бил инструктор по летање од  неразјаснети причини намерно го насочил авионот Пајпер во густо населениот дел на градот, а потоа и во фабриката за воена опрема „Прат и Витни“. Превала успеал некако да избегне авионот да не се урне во местата каде што има луѓе, ниту во фабриката каде што работеле над 300 луѓе. Пајперот се урнал во една од улиците во градот. 

Сопругот на Ерзана спречи авионска несреќа  

Во несреќата загинал Феритех, а Превала доживеал изгореници по телото. „Њујорк Тајмс“ тогаш пренесе дека можеби се работи за обид за самоубиствен напад.

Адријан е вљубеник во риболовот и во голфот, судејќи по неговите фотографии на Фејсбук профилот. На социјалните мрежи тој не објавува слики од семејството. (М.Џ.)