Хана и нејзиниот сопруг купиле куќа стара 145 години: Сами ја реновирале, купиле мебел од втора рака и создале вистинска бајка

Добивај вести на Viber

Стара, трошна и крајно неинтересна викторијанска зграда од 19 век, Оливер и Хана од Велика Британија ја претворија во модерен и шик дом во скандинавски стил - и без ниту еден мајстор. Целосната трансформација ги чинела само околу 10.000 евра.

Новата зграда ја замениле со стар дом со душа

Хана Химсберген (32), графичка дизајнерка и нејзиниот партнер Оливер Маршал (32), инженер, не можеле да си дозволат да купат готова куќа во Солсбери. Наместо тоа, тие одлучиле да инвестираат во стар имот со потенцијал. Пред шест години, тие ја купиле куќата со три спални од 1880 година за 235.000 фунти - и се впуштиле во целосно реновирање.

View this post on Instagram

A post shared by Hannah Elizabeth Heemsbergen (@harnhamhouse)

„Немавме пари за готова куќа во Солсбери и сакавме да ставиме свој печат на неа“, изјави Хана за Џем прес.

Сè правеа сами, без професионалци

Она што го издвојува овој пар е фактот што речиси целата работа ја завршија целосно самостојно. Единствената помош што ја имаа беше кога занаетчија постави челична греда во кујната за да можат да отворат поголем прозорец. Останатото – од сликање до поставување на подот – беше нивна работа.

„Уживаме во вакви проекти и се обидовме да направиме што е можно повеќе за да заштедиме на трошоците“, објасни Хана.

300 фунти за спални соби и мебел од Фејсбук

Тие го започнаа реновирањето во спалните соби, бојадисувајќи ги ѕидовите и обновувајќи ги старите дрвени подови. Сè ги чинеше околу 300 фунти. За да останат во рамките на буџетот, целиот мебел го купиле преку Facebook Marketplace и во продавници кои собираат средства за хуманитарни цели.

Тие избраа мебел и детали во нијанси на беж, бела и сива боја за да создадат чист, светол простор со скандинавско чувство на топлина и едноставност.

Подот за дневната соба купен преку интернет

Најголем предизвик беше подот во дневната соба, кој беше целосно руиниран. Тие го извадија до темел и поставија рекултивиран под од цврсто дрво, купен преку Интернет за 1.500 фунти.

Сосема нова кујна - и нов прозорец

За кујната се одлучиле за сосема нови елементи, купени преку DIY сајт и сами ги инсталирале. Тие поставија поголем прозорец за да добијат повеќе природна светлина. Ги покрија ѕидовите и подот со нови плочки, поставија модерни полици и додадоа внимателно одбрани украси. Трошоци за кујната биле - околу 7.000 фунти.

Дворно место за само 230 евра

Во дворот не направија некоја поголема работа - доволно беше само да се обојат старите ѕидови и да се постави нова дрвена врата. Додадоа светилки, тепих и столчиња, купени на старо, за само 230 евра.

Бањата и поткровјето се уште чекаат на ред

Планирале буџет од 5.700 евра за поткровје и бања. Сепак, реновирањето траеше повеќе од три години, а сè ги чинело околу 10.300 евра.

View this post on Instagram

A post shared by Hannah Elizabeth Heemsbergen (@harnhamhouse)

Вреди секој напор.

„Прекрасно е да седите во простор во кој сте вложиле сопствен труд, пот и солзи - и знаете дека сè е по ваш вкус“, вели Хана. Сепак, признава дека порано работата била исцрпувачка - особено во зима, кога извесно време живееле со дупка во куќата поради реконструкција. Ако имате можност да живеете на друго место додека трае реновирањето - топло ви го препорачувам“, советува сопругот на Хана.

Заштедете пари на сè - вклучувајќи ја и славината

Парот бараше начини да заштеди пари во секој сегмент. Наместо да платат околу 600 евра за луксузна месингана славина Perrin & Rowe, тие купиле користена и сами ја „исчистиле“ – со помош на варени јајца!

„Гасовите од јајцата реагираат со месингот и му го даваат тој „винтиџ“ изглед“, објаснува Хана низ смеа.

Лекција: Заштеда на пари - но не и време

На крајот, пораката што ја споделуваат со сите што размислуваат за сличен проект е: „Она што ќе заштедите во пари, ќе го изгубите со време. На пример, со месеци го реновиравме паркетот и направивме хаос во куќата, но сега подот е најубавиот дел од целиот дом - и сите гости веднаш го забележуваат тоа“.

Фото: Инстаграм
Извор: Ona.telegraf.rs