Готвиме со Маја: Бајадера

Признавам обожавам десерти. Бајадера ми е едно од поомилените и затоа си најдов начин да јадам бајадера но не и кило шеќер. 

Ке го споделам рецептот со Вас, за оние кои сакаат да ја пробаат. 

Потребни состојки:

100гр.Лешник 

100гр. Бадеми 

200гр. Мелен кекс

100гр. Урми без семка

100гр. Темно чоколадо 

100гр. Бело чоколадо (квалитетно)

150гр. Путер (може и кокосов или маргарин)

9 лажици вода 

За глазура 

150гр. Темно чоколадо

2лажици вода 

25 мл масло 

За почеток урмитее потопете ги во топла вода 20 минути. Потоа процедете ги и во сад ставете ги урмите со водата и путерот или варијацијата која сте ја одбрале. Кога ќе се растопи путерот додадете го кексот,лешниците и бадемите (претходно сомелени). 

Растопете ги црната и белата чоколада на пареа и поделете ја смесата на 2 еднакви дела.Доколку немате квалитетна бела чоколада не ставајте. Ќе ви  се распадне смесата. Во едниот дел ставете го црното чоколадо а во другиот дел белото. 

Потоа во калап (мојот е сликонски долг 20цм.широк 10цм) прво ставете го црниот дел потоа белиот и  ставете го да се лади. 

На крај во сад ставете ги чоколадото,водата и маслото, јас ставив арганово но може и обично,кокосово, путер,маргарин … зависи од Вас. Кога ќе се растопи и соедини смесата истурете ја во калапот и вратете го да се лади мин. 4 часа до цела ноќ 

Сечете и декорирајте по желба. 



За Женски Магазин, готви Маја Зивчевиќ