Готвиме со Маја: Лепчиња

Кога станува збор за било каков хамбургер или сендвич највкусно е домашното топло лепче. Овие не се многу воздушести поради недостиг на глутен но се еднакво меки и вкусни.

Потребни состојки

150мл. млеко

100мл.вода

7гр. сувквасец (био)

1 м.лажичка кафен шеќер

20мл. маслиново масло

2м.лажички сол

300 гр. мешавина од спелтино и интегрално јачменово(1/1)

1 жолчка за премачкување

семки по желба

Во топло не врело млеко ставете ги квасецот и лажичката шеќер и оставете го 10тина мин. Потоа додадете ги водата,маслото и солта и накрај брашното. Месете 10тина минути убаво да се соедини тестото без да додавате брашно. Тестото треба да биде меко и нелепливо.


Земете стаклен сад измачкајте го со масло и оставете го тестото да нарасне дупло од 30 до 40 мин. Потоа размесете го со малку брашно и направете 6 еднакви топчиња. Потрудете се да изгледаат идентично.Оставете ги 20тина минути да одморат, а за тоа време загрејте ја рерната на 190 степени. Пред печење премачкајте ги со жолчка и наросете семки по желба.


Печете 20тина минути. Откако ќе ги извадите покријте ги 5 минути со чиста крпа и на крај уживајте....



За Женски Магазин, готви Маја Зивчевиќ