Горила

Листа со најстримувани песни кај нас на „јутјуб“ пред неколку дена ја возбуди домашната јавност, особено што помеѓу 20-те најслушани песни на најпопуларната платформа за видеа, има само две наши.

Рефрените се на „Два Бона“. Млади дечки, идоли на тинејџери. До скоро не ги знаев ни јас, ама ете се заинтересирав, им ги одгледав спотовите и сега и јас имам заслуга во тие над 100.000 прегледи што во просек ги добиваат неделно.

Мојата љубопитност не застана тука. Живо ме заинтересира што е тоа кај нив толку „јако“ за еден таков неочекуван бум кај младите. Зошто овие дечки ги има на тетратки и се ѕвезди на Саеми на книга? Сепак, најмногу од се’ ме заинтригира зошто па толку ги хејтаат.

И така стигнав до „Горила“. Најстримуваната песна во Северна Македонија. Пола е македонска, пола бугарска. „Два бона“ ја снимија со Криско. Пуштив по 30 секунди и од останатите хитчиња на листата. Сите имаат милионски прегледи и речиси кај сите нив формулата е иста: вокали со триста украси и ефекти (наеднаш сите добија желба да звучат како оној ќелавиот Србин со плетенки), спот кој пука од сексуални алузии (читај: најчесто навреда за женскиот род) и стихови кои звучат како реплики од порниЌ. И оваа музика ја консумираат основци и средношколци. Пеат и се веселат. Меѓу другото на ова:

Гърлото ти е дълбоко като Охридското езеро

Идват и си отиват

Бизнесът да се развива

Който не се адаптира да умира

Нема да преведувам, ќе верувам дека шестоодделенци пеат, а немаат појма што им излегува од уста. Наивно, нели? „Два Бона“ имаат и други песни. И пеат на мајчин јазик. И најчесто се’ тераат у мајчина. Како и останатите на листата. Напалени и „искулирани“. Еба*и и поети. А деца се радуваат. 

P.S. Сипај ми још мало, јер ја сам одузет

Ѓорге Стојанов