ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО НА ЏАСТИН БИБЕР: Упати зборови кои кинат душа

Џастин Бибер изгуби многу важна личност во својот живот...
Во последните месеци, фановите беа загрижени за изгледот на суперѕвездата Џастин Бибер, како и за неговите објави на социјалните мрежи. И како да нема доволно проблеми, Бибер остана без важна личност во животот, а тоа го објави на Инстаграм.
Почина дедото на пејачот, а тој објави заедничка фотографија од детството на која се збогува со трогателни зборови:
„Дедо, секогаш ти ги земав сите пари, хаха. Се сеќавам дека ми кажа дека баба ти давала џепарлак од 20 долари за цела недела! Таа секогаш те наговараше да ги трошиш на грицки на хокејските игри во петок навечер.
Пејачот во последните неколку недели предизвика загриженост кај фановите за својот изглед, а загрижена е и неговата сопруга Хејли Бибер, која „не знае кому да се обрати за помош“.
Бибер (30), според извори, повеќе не се грижи за себе, а изгубил секаква мотивација, дури и за создавање музика, која порано го возбудувала. Извор сега изјави дека Хејли Бибер е многу загрижена за неговото расположение, работа и исхрана.
ФОТО: Јутјуб