Глумев во холивудски филм, не ми е прв пат: Маријан Стојаноски во „Фчерашни“

Маријан Стојаноски направи камбек во емисијата „Фчерашни новости“. Пејачот кој долги години не е присутен на домашната естрада глуми во интерсен скеч, пеејќи го неговиот хит, „Роденден“. 

„Роденден мала забава, еве дојдов без да ти се најавам“, Маријан ги испеа овие стихови свирејќи на клавијатури, пред интересна публика, пагагалот кој екипата на „Фчерашни“ го донела од скопската Зоолошка градина. Во телефонскиот разговор, пејачот ни раскажа за актерското искуство.

„ Одамна разговаравме со Бранко Огњановски за оваа соработка. Ми беше многу пријатно и скечот воопшто не е навредлив. Папагалот е од Скопската Зоолошка, го донеоа со дресер, одлично се забавував и излезе добар производ. Најверојатно дека ова нема да биде мое единствено појавување во „Фчерашни“, соработката ќе продолжи и понатаму“, ни изјави Маријан. Тој е редовно вработен во хорот на Македонската опера и балет, и тоа му е како што вели одлична подлога за актерските ангажмани. Претходно, пејачот се има појавено и во холивудскиот филмски хит „Миротворец“ со Џорџ Клуни od 1997 година. 

„ Еден дел од филмот е снимен во Македонија, а во една сцена се појавуваме Тоше Проески, Игор Дурловски и јас како пееме арии. Снимавме во скопската црква Свети Димитрија. Глумев и во филмот „До балчак“ , и таму имам свој пејачки дел“, ни раскажа Маријан за филмското искуство. 

Маријан настапи на последното издание на фестивалот „Макфест“ , но е послабо активен на поп-сцената. „Немам време да снимам нова песна. Никако не се наоѓа, а имам во план“, ни изјави пејачот. 

М.Џаровска