(ФОТО) И со двете имам посебен однос: Каролина Гочева за внуките

Познато е дека пејачката Каролина Гочева е родум од Битола. Таму живее нејзиното семејство и таа секој слободен момент се труди да го помине со своите најблиски. Како и во многу наврати на својот „Инстаграм“ профил, таа покажува дека омилени во родниот крај ѝ се двете внуки 7-годишна внука Луција и 3-годишна внука Инес, кои се ќерки на нејзината сестра Сандра Гочева- Јерчиќ.

Внуките Луција и Инес

Каролина често знае да сподели фотки на социјалните мрежи од дружбата со нив, а особено од забавните моменти со поголемата, Луција.  Всушност и првата фотка на Инстаграм на познатата пејачка е со нејзината внука Луце.

Првата фотка на Инстаграм на Каролина и внуката Луција

Тетката и внуката многу си наликуваат, а и стилски се секогаш во тренд. Каролина со задоволство раскажува дека внуките и будат мајчински чувства.

 - Па, како викаат, тетката е втора мајка и тоа не е далеку од вистината. Внучињата се мојата прва љубов и најголема радост и будат цел спектар на чувства кај мене. И со двете имам посебен однос и огромна љубов- изјави таа во претходно интервју за Женски Магазин.

Внуката Инес


Луција ѝ е прва љубов