(ГАЛЕРИЈА) Носиме венчаници да не фати мајата: Познатите во улога на невести

Многу познати дами беа во улога на невести на Саемот на венкавки кој почна вечерва и ќе трае цел викенд во хотелот Александар Палас.

„Облеков венчаница за да ме фати мајата“, низ насмевка низ изјави Марјана Станојковска која беше една од најсликаните на ревијата, облечена во рачно извезен венчален фустан.

На јубилејниот, десетти по ред Саем кој го организира „Во бело“ како дел од ревијата на познати беше и се уште актуелната Мис на Македонија, Емилија Розман „Во моментов не сум во врска, но би сакала и приватно да облечам ваков фустан, на мојата свадба“, ни раскажа Розман.

Дел од моделите беа Мики и Светлана Црнокрак, редовни на сцената на Саемот. Освен Мики, како младоженец прошета и актерот Игор Ангелов.

Викторија Јаначковиќ беше една од највпечатливите модели, единствена облечена во црно, рекламираше накит. Венчаница носеше и Кристина Димитријевска, која активно се врати во модиот свет, поранешната сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски.

„Таа ги освојува вашите срца“, рече водителката на настанот Александра Пановска. Гламурозна креација облече и водителката Милена Антовска- Станковска, која на шега и рече дека самата себеси не се препознава во оваа трансформација.

Дел од ревијата беа и Ведрана Ѓорѓевиќ, Симона Попоска и многу други.


М.Џаровска

Фото: В.Тануровски