(ГАЛЕРИЈА) Меган Маркл како лик од „Симпсонови“: Неверојатни карикатури

Меган Маркл секогаш привлекува големо внимание во јавноста. Овојпат е дел од карикатури кои покажуваат како би изгледала како лик од култната серија „Симпсонови“.

Војвотката од Саксес стана модна икона за многу кратко време и важи за жена која се залага за човечките права и хуманитарната работа.

Италијанскиот уметник Алесандро Поломбо на 30 карикатури се обиде да го претстави феминистичкиот, одлучен и модерен стил на Војвотката од Саксес.

Меган на овие карикатури е претставена во модните комбинации кои досега ги носеше во јавноста.

На една од карикатурите таа е во друштво на принцезата Дајана и Кејт Мидлтон.

Додека пак на друга, во женското кралско друштво се приклучува и кралицата Елизабета втора.

Посебна е и карикатурата со нејзиниот сопрух, принцот Хари.

Дефинитивно Меган Маркл за кратко време стана бренд на кралското семејство и на целото Обединето Кралство.