(ГАЛЕРИЈА) Готвачот Влатко Огненовски се ожени со Украинка

Познатиот кулинарски мајстор Влатко Огненовски вчера стапи во брак со својата девојка. Имено станува збор за убавата Украинка Олга Кошченко.

Тој веќе извесен период објавува фотографии со својата понежна половина, а двајцата се секогаш во тон со модните комбинации.

Двојката прослави со најблиските во интимна атмосфера, а сведоци на настанот беа само фотографиите на Фејсбук профилите на младите.

- Ме мотивира секој нов ден во кој ќе се разбудам здрав и жив, бидејќи тоа значи дека и денес можам да создавам. Некако таму ја наоѓам смислата на нашето постоење, а мотивацијата ја црпам од сѐ убаво што ме опкружува- изјави неодамна Огненовски за Женски Магазин.