(ГАЛЕРИЈА) Борба за лајкови: Со гала забава доделени наградите за инфлуенсери

Млади инфлуенсери беа наградени на доделувањето на Influencer Awards 2019, кое се одржа во скопскиот ресторан Ragusa. Поискусните инфлуенсери кои имаат многу следбеници на социјалните мрежи како Лила М.Стојановска, Марјана Станојковска и Александар Билјановски-Дадар беа дел од жирито или дел од гостите на забавата која ја водеше Марко Новески.

Лила беше во жирито

Гала вечерта ги оправда очекувањата, овој настан беше еден од оние каде што се оди да видиш и да бидеш виден.

Наградата за Influencer Star ја доби Стефанија Кржеска, наградата Instaman Филип Макрадули, Fashion Influencer е Никица Ацева, а во категоријата посебно истакнати инфлуенсери награди добија Анастасија Димеска, Нинослав Антоски, Ангела Василева,  Даниела Трбогазов и Валерија Преспаноска. Имаше и категорија Food Influencer која ја доби Теодора Георѓиеска.

На настанот се појави и поранешната мисица Вера Мештеровиќ

На црвениот тепих, за време на приемот на гостите, а и за време на забавата се фотографираа Лила, Марјана, Викторија Јаначковиќ, Александар Тарабунов, Маја Глигоровска... Повеќето од овие фотографии за кусо време беа објавени на Инстаграм, која со приказна, која на ѕидот, а сите со стотици лајкови за почеток. 

(М.Џ.)

Фото: В.Тануровски