(ФОТО) Запознајте ги сестрите на Џенифер Лопез

Добрите гени очигледно течат во семејството на Џенифер Лопез, затоа што и двете нејзини сестри се вистински убавици. Се разбира, тие не се толку убави како Џенифер, но сепак се многу привлечни.

Нејзините имиња се Линда и Лесли Лопез, тие се помлади од Џеј Ло, и храбро чекорат напред кон своите педесет години. Покрај годините во кои навлегуваат трите сестри од семејството Лопез, слободно можете да кажете дека оваа фамилија го пронашла лекот за вечна младост. Што се однесува до нивните професии, сестрите на Џеј Ло, се исто така јавни личности, но сепак не толку популарни како светски познатата пејачка.

Имено, и Линда и Лесли се добро познати новинари, а како и Џенифер, и тие се успешни во својата кариера. Сестрите не беа премногу среќни во љубовта, па никогаш не се омажија, но, Линда има едно дете. Лесли е крајно претпазлива кога го изложува својот приватен живот пред очите на јавноста, па никогаш не открива која е, со кого е, но во моментот медиумите шпекулираат дека е сама. 

Секако, ниту Линда, ниту Лесли немале толку трагични љубовни приказни, како нивната сестра која се подготвува за нејзиниот шести брак, и тоа со спортистот Алекс Родригез. Но, бидејќи љубовта не знае за години, а Линда и Лесли изгледаат 20 години помлади, како и да е, сигурни сме дека нема да имаат проблем во изборот на партнер во иднина.