(ФОТО) Водителката на „ТЛЗП“ во фустан кој го одзема здивот

Марија Килибарда (39) важи за една од најпопуларните водителки во регионот која плени со насмевката, шармот и харизмата каде и да се појави. Таа оваа есен се врати на ТВ-екраните во новата сезона на шоуто „Твоето лице звучи познато“ во кое се натпреварува и нашиот Даниел Кајмакоски, а кое секоја недела се емитува и на „Сител“.

Марија на „Инстаграм“ објави фотографија на која позира во прекрасен виолетов фустан без прерамки и мора да се согласите дека изгледа одлично.