(ФОТО) Ветерот и влажноста не им можат ништо: Идеални фризури за дождливо време

Мораме да признаеме дека ниските температури ги сакаме поради преубавите есенски комбинации. Есента нѝ дава многу можности за експериментирање, но кога станува збор за косата, дождот и ветерот никако не ни се сојузници.

Меѓутоа постои решение со тренди фризури со кои ќе изгледате шик и модерно, а влагата и ветерот нема да можат да ги расипат.

Рамната и исфернирана коса во вакви ситуации не е опција, како ни беспрекорните локни, бидејќи косата и со најмал контакт со влажност ќе стане непослушна и ќе изгуби волумен. Строга фризура која подразбира собрана коса е идеална за дождливите денови.

Ниските или високи пунџи или плетенки се незаменлици кога времето е вакво. Најдобро од се е што се прават лесно. Се што ви треба се ластици и неколку шноли и за момент сте подготвени за излегување.